Утрински Весник
Свет

Во пожар на траект во Бангладеш загинаа 39 лица, а по десетици се трага

Во пожар на траект во Бангладеш загинаа 39 лица, а по десетици се трага

Спасувачи сè уште трагаат по десетици исчезнати откако избувна пожар на преполн ферибот во јужен Бангладеш, при што загинаа најмалку 39 патници, соопштија властите.

Фериботот превезувал речиси 800 луѓе во петокот по реката Суганда во областа Џалакати на речиси 150 километри југозападно од Дака.

„Подготвивме список со 29 исчезнати патници врз основа на изјавите на роднините“, изјави локалниот функционер Зохар Али за ДПА.

Пожарникарите и работниците за цивилна заштита не пронајдоа исчезнати, додаде тој.

„Не сме сигурни дека се живи“, рече тој.

Локалните власти закопаа 23 тела откако зеле примероци од ДНК бидејќи роднините не можеле да ги идентификуваат.

Лошите безбедносни стандарди и скршените противпожарни апарати се причина за премногу смртни случаи, утврди официјалната истрага.

„Противпожарната опрема речиси не беше во функција и одговорните не можеа да управуваат со неа“, рече потполковникот Зилур Рахман, врз основа на резултатите од прелиминарната истрага.

Тој додаде дека засега не ја знае причината за пожарот.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот