Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Села останува лидер на Алијанса за Албанците до Конгресот во март

Села останува лидер на Алијанса за Албанците до Конгресот во март
Img 7972

Алијанса за Албанците денекас во Скопје го одржа Централното собрание на кое беше презентиран извештајот за локалните избори подготвен од претходно формираната комисија, се презентираа и извештаите од ограноците.

На денешниот состанок се потврди и донесената одлука за организирање на вториот Конгрес на партијата, којшто ќе се одржи на 27 март 2022 година. Села најави дека ќе остане лидер на партијата до Конгресот на партијата.

За оваа цел се формираше и комисија којашто ќе биде составена од актуелни пратеници, градоначалници, претседатели на Младинскиот форум на Алијанса за Албанците и од Унијата на жени, како и по три члена од овие два партиски органи.

Села истакна дека новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски ниту Али Ахмети немаат легитимитет за формирње нова Влада.

„ Ковачевски не може да има никаков легитимитет, бидејќи токму Зоран Заев победи на изборите со ветувањата и програмите што ги даде. Легитимитет немаат ниту Али Ахмети и ДУИ кои изборите ги добија во 2020 година со едно ветување – ветување за премиер Албанец за четири години“ рече Села.

За време на говорот пред делегатите, претседателот Зиадин Села им се заблагодари на структурите и активистите за досегашниот ангажман и повика на понатамошна соработка во зајакнувањето и проширувањето на партијата и со нови кадри коишто се спремни и посветени за внесување промена во албанската политичка сцена во Македонија.

Можете да прочитате

ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

Тепачка во Чаир во автобус на ЈСП

Потребна е скриниг програма за рано откривање на рак на дојка, апел од Розовиот Пикник за поддршка на жените болни од рак на дојка