Утрински Весник
Свет

Петмина убиени во пукање на прославата за Божик во Бразил

Петмина убиени во пукање на прославата за Божик во Бразил

Пет лица загинаа, а шест се повредени во пукање што се случи за време на прославата на Божиќ на фудбалско игралиште во североисточниот град Фотралеза, соопшти Секретаријатот за јавна безбедност на сојузната држава Сеара.

Уапсени се три лица, додаде секретаријатот, а пренесува АП.

Локалните медиуми јавија дека е можно пукањето да се случило поради кавга меѓу криминални групи.

Според надлежните, идентификувани се две жртви – едната на возраст од 21, а другата на 26 години, а и двете и се од претходно познати на полицијата.

Можете да прочитате

Напад во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран

Русија ги продава своите златни резерви за да го закрепне својот буџет

САД и Ирак ќе ја „интензивираат соработката“