Утрински Весник
Свет

Конвој од 12 камиони заробени во Сибир на минус 50 степени

Конвој од 12 камиони заробени во Сибир на минус 50 степени

Група падобранци на Спасувачката служба денеска полетаа од Јакутск за да достават гориво до конвојот од 12 камиони кои заглавија во снегот и по големиот мраз, во руската република Јакутија, во источен Сибир.

“Камиони заглавија во снегот во регионот Кобјаиск, на околу 30 километри од селото Сегјан-Куел.Немаат телефонски сигнал, а остануваат без храна и гориво”, пренесува РИА Новости.

На тоа подрачје се измерени температури до минус 47 Целзиусови степени.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид