Утрински Весник
Свет

„Бебето му го дадов на маж да го спаси од пожарот и сега ги нема“- морничави сведоштва на траектот на смртта

„Бебето му го дадов на маж да го спаси од пожарот и сега ги нема“- морничави сведоштва на траектот на смртта

Најмалку 39 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во несреќа кога траект се запали во јужниот дел на Бангладеш.

Пожарот избил во близина на градот Џалакати додека пловел од главниот град Дака кон Баргуна.

Некои од жртвите починале со давење откако скокнале во водата. Бројот на жртви се очекува да се зголеми бидејќи многумина имаат тешки изгореници.

Се претпоставува дека пожарот избувнал во котларата, а наводно траел со часови. Од друга страна, сопственикот на бродот, Хум Џалала Шеик, негираше дека причината е механичка грешка.

Тој за локалните медиуми изјави дека дошло до експлозија на вториот кат од траектот, а пожарот подоцна се проширил и во котларата.

„Внук ми скокна во реката, не знам што се случи со него“, рекла една баба и додала дека повеќето луѓе спиеле во моментот на пожарот.

„Спиевме на душек, со мене беше мојот деветгодишен внук Наџим, скокна во реката, не знам што се случи со него“, рече таа.

Друга жена, која патувала со нејзиниот татко, сестра и шестмесечен внук, изјавила дека нејзиниот внук исчезнал.

„Кога избувна пожарот, му го дадов бебето на маж кој се обидуваше да го спаси, но сега не можеме да ги најдеме“, рече таа.

Наводно, на траектот имало околу 500 луѓе.

Можете да прочитате

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица