Утрински Весник
Свет

Најмалку смртни случаи од Ковид во Русија од 18 октомври

Најмалку смртни случаи од Ковид во Русија од 18 октомври

Бројот на починати од Ковид во Русија за еден ден е најмал од 18 октомври, откако Кризниот штаб денеска соопшти дека во претходните 24 часа починале 998 лица, пренесува ТАС.

Официјалниот број на починати од коронавирус во Русија од почетокот на пандемијата е 302.269, а стапката на смртност е 2,92 отсто.

Бројот на нови случаи на дневна основа е зголемен за 24.703, со што бројот на заразени со вирусот од почетокот на пандемијата е 10.343.353.

Овој број на заболени, кој е под 25.000, е најмал од 1 октомври.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид