Утрински Весник
Свет

Австрија предлaгa здравствените работници да примат и четврта доза од вакцината

Австрија предлaгa здравствените работници да примат и четврта доза од вакцината

Австрија треба да понуди четврта доза вакцина против коронавирус на здравствените работници и другите вработени во клучните сектори, објави Државниот одбор за кампањата за вакцинација.

Одборот посочува дека нема научни докази за да се препорача четврта доза за општата популација.

„Во однос на неизбежниот бран на омикрон, четврта доза може да се понуди на високоризични и системски критични области, шест месеци по третата доза“, соопштија од одборот.

Австрија објави дека ќе ги заостри ограничувањата од 27 декември за да го запре ширењето на омикрон варијантата за која британско истражување оваа недела покажа дека носи помал ризик од хоспитализација во споредба со претходните соеви.

Владата нареди четврто општо затворање и најави задолжителна вакцинација за сите Австријци, со што стана првата членка на Европската унија што одлучи да го стори тоа.

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози