Утрински Весник
Свет

Во Австрија, двегодишно момче излегло од куќата во студена ноќ и било пронајдено починато

Во Австрија, двегодишно момче излегло од куќата во студена ноќ и било пронајдено починато

Во Австрија се случи трагедија во која загина двегодишно дете, пишуваат тамошните медиуми. Mомчетo излегло од куќата во студена ноќ и било пронајдено починато.

Сè уште не е сосема јасно како дошло до трагедијата.

Според локалните медиуми, во Вордервајзенбах, момчето наводно излегло од куќата и се смрзнало на студот.

Дел од медиумите пишуваат дека родителите на детето вечерта биле кај соседите и со себе имале монитор за бебиња за да го надгледуваат момчето. Но момчето некако ја напуштило куќата, а родителите тоа го сфатиле дури околу 17 часот.

Мајката повикала полиција кога забележала дека момчето не е во кревет. Но, пред да пристигне полицијата, мајката го пронашла детето во пижами без знаци на живот недалеку од дома, во гаражата на соседот.

Брзата помош не успеала да го реанимира.

Агенциите пишуваат дека температурите во текот на изминатите ноќи се спуштиле до -10 степени.

Според последните информации истрагата е во тек но и родителите би можеле да бидат обвинети за убиство од небрежност. Весниците пишуваат дека на нив им била укажана психолошка помош а дека мајката е бремена.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking