Утрински Весник
Македонија

Истрага против дилер на кокаин од Скопје

Истрага против дилер на кокаин од Скопје

22-годишно лице од Скопје е под истрага поради сомнение дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според надлежните, осомничениот 22-годишник неовластено, заради продажба, кај себе држел 98,98 грама наркотична дрога кокаин, спакувана во една полиетиленска кеса.

Дрогата била откриена на 21 декември кога полициски службеници се обиделе да го запрат возилото со кое управувал осомничениот пред Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Тој не застанал и со автомобилот продолжил да се движи.

По претходна објава по радиоврска, автомобилот го забележал и го сопрел друг полициски службеник на булеварот ВМРО. Притоа осомничениот се обидел да го фрли пакувањето со дрога во средишната жардиниера на булеварот и да побегне, но бил спречен во намерата и приведен.​​

Можете да прочитате

ВЛЕН: Денес државата реагира, не молчи како во времето на ДУИ

Воената академија во Скопје ќе добие спортска сала, покрај питомците ќе ја користат и училиштата во општина Аеродром

Задутре времен застој на ГП “Делчево” заради градежни работи