Утрински Весник
Македонија

Поради минирање затворен за сообраќај патот Градско-Прилеп

Поради минирање затворен за сообраќај патот Градско-Прилеп

Регионалниот пат Градско – Прилеп е затворен за сообраќај од 12:35 часот, поради минирање, соопшти АМСМ.

Од таму информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Запленети цигари, девизи, лекови и верски предмети

Повторно затворен граничниот премин Евзони

Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино