Утрински Весник
Свет

Технички секретар на Мексиканскиот Сенат уапсен за убиство

Технички секретар на Мексиканскиот Сенат уапсен за убиство

Техничкиот секретар на мексиканскиот Сенат Хозе Мануел дел Рио Вирген е уапсен под сомнение за вмешаност во убиството на кандидатот за градоначалник во јуни годинава, соопштија властите на источната држава Веракруз.

Уапсен е под сомнение за вмешаност во убиството на кандидатот на опозициското Граѓанско движење (МЦ), изјавија државните обвинители и функционери од Веракруз, пренесе Ројтерс.

Лидерот на Сенатот на владејачкото левичарско движење Национална обнова (МОРЕНА), бранејќи ги обвинетите, рече дека обвинувањата се лажни и ги критикуваше властите на Веракруз.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација