Утрински Весник
Свет

(Видео) Дефект на танкер во Босфорот, блокиран поморскиот сообраќај

(Видео) Дефект на танкер во Босфорот, блокиран поморскиот сообраќај

Крајбрежната стража во Турција соопшти дека Босфорскиот теснец, една од најфреквентните поморски рути во светот, е блокирана поради проблеми на еден танкер.

Крајбрежната стража извести дека е пријавен дефект на танкерот кој превезувал сончогледово масло, а екипи веќе се испратени на местото на настанот.

Сличен инцидент се случи и минатата недела, кога навигацијата беше блокирана еден час.

Босфорот во Истанбул ги поврзува Црното Море со Мраморното Море, додека преминот Дарданели го поврзува со Егејското и Средоземното Море.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите