Утрински Весник
Македонија

Македонија ќе има Влада најдоцна до средината на јануари

Македонија ќе има Влада најдоцна до средината на јануари

Најкасно до средината на јануари, Македонија треба да има нова Влада. Оставката на премиерот Зоран Заев и министрите ќе биде депонирана во среда, по што, ќе треба да се изберат нови кадри. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека се ќе биде завршено во уставните рокови.

„ Најкасно до средината на јануари. Во почетокот од јануари нема состанување на Собранието поради верските и новогодишните празници. Во рамки на уставните рокови, очекувам тоа да заврши кон средина на јануари“, кажа Османи.

Прашан дали сака да остане министер за надворешни работи, тој не одговори конкретно. Но посочи дека Министерството треба да продолжи со остварување на уште поголеми успеси.

„ Мислам дека во овој процес работевме многу во изминатата година. Министерството за надворешни работи постигна големи успеси. Надворешната политика има и други приоритети освен ЕУ. Но се разбира, има напредок и во разговорите. Сметам дека треба да се продолжи во таа насока“, кажа Османи прашан дали сака да остане на функцијата.

Можете да прочитате

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран