Утрински Весник
Македонија

Британска студија: Омикрон поретко ги напаѓа белите дробови

Британска студија: Омикрон поретко ги напаѓа белите дробови

Британска студија покажа дека варијантата на коронавирусот омикрон е помалку опасна за белите дробови од претходните варијанти на  Ковид-19.

Студијата на Институтот за терапевтска имунологија и заразни болести во Кембриџ заклучи дека мутациите на шилците на вирусот, поради коишто омикрон може да избегне антитела, исто така може да го ограничат начинот на кој вирусот се спушта во белите дробови поврзани со тешка болест.

„Овие наоди сугерираат дека омикрон развил способност да го избегне имунолошкиот систем, но во исто време неговата способност за репликација и неговата патогеност е загрозена“, се вели во резимето на студијата.

Водачот на студијата Рави Гупта, професор по клиничка микробиологија на Кембриџ, рече дека се соочуваме со предизвици и покрај навидум позитивните заклучоци од студијата,

Тој на Твитер напиша: „Што значи сето ова? Ефективната инфекција на белодробните клетки може да биде во корелација со сериозноста на белодробната болест. Синцитијата, мултинуклеарни клетки, често се гледаат во респираторните ткива земени по тешка болест. Делта беше многу успешна во инфицирање на белодробното ткиво и создавање тешка болест, за разлика од омикрон. Потребни се дополнителни истражувања. Да резимираме – овој труд сугерира дека омикронот станал поотпорен на имунитетот, но неговите својства поврзани со болеста може да бидат ослабени до одреден степен. Значителната пролиферација на омикрон сè уште претставува голем предизвик за јавното здравје“.

 

Можете да прочитате

Гордост на Македонија: Тина Русева донесе европска победа дома

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност

Поради магла намалена видливоста на повеќе патишта