Утрински Весник
Македонија

Maж се здоби со тешки повреди работејќи на патот Кочани-Штип

Maж се здоби со тешки повреди работејќи на патот Кочани-Штип

Маж од Пробиштип се здоби со тешки повреди при извршување градежни работи на патот Кочани-Штип.

„На 17.12.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во болницата во Кочани со тешки телесни повреди бил донесен С.П.(54) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на патот во изградба Кочани-Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани и трудов инспектор“, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

ДЗР: МЕПСО со раст на приходи, но со неправилности во управувањето со имотот, инвестициите и човечките ресурси

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази