Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Каевски: Со буџетот се предвидени повеќе пари за капитални инвестиции

Каевски: Со буџетот се предвидени повеќе пари за капитални инвестиции
300x250 opst2

Усвоениот Буџет за следната година има силна развојна компоненета за економски раст и повеќе пари за капитални инвестиции, истакна на прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Тој рече дека со буџетот се обезбедува непречена грижа за заштина на здравјето на населението, економски раст, зголемување на инвестициите, поддршка на реформите во правосудството и евроатлатските интеграции. Еден од аспектите на Буџетот, како што исткана Каевски, е и обезбедувањето средства за соочување со предизвиците од глобалната енергетска криза и заштита на граѓаните и фирмите.

„Продолжуваме со намалување на тековните расходи, кратење на неприоритетни и несуштински трошоци, а највисоко учество во буџетските расходи имаат капиталните инвестиции. Капиталните инвестиции изнесуваат 37,8 милјарди денари што е за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година. Средствата ќе бидат наменети за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициските вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот, социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштита на животната средина и правосудството“, рече Каевски.

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди