Утрински Весник
Македонија

133 санкционирани возачи во Скопје, 20 неисправни возила во јавен превоз

133 санкционирани возачи во Скопје, 20 неисправни возила во јавен превоз

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 20 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, девет санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, 26 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Лажна СМС порака од Пошта остави гостиварец без 1500 евра

Забрчанец: Интернетот и ВИ се инфраструктура за критичка мисла, не само за забава

Покренато обвинение за маж и жена кои Саитов го пренеле преку граница