Утрински Весник
Спорт

1.300 македонски фанови ќе ги бодрат „рисовите“ на баражот во Палермо

1.300 македонски фанови ќе ги бодрат „рисовите“ на баражот во Палермо

Македонската фудбалска репрезентација ќе има поддршка од 1.300 фанови на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, на 24. март идната година против домаќинот на мечот – Италија, во полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска соопшти дека за македонските навивачи се предвидени 5 проценти од вкупниот капацитет од 36.000 седишта на стадионот во Палермо.

Доколку се случи чудо и Македонија ја победи Италија на најезин терен, нашите фудбалери во финалето за пласман на Мундијалот ќе играат против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција, кој ќе се игра на стадионот „Драгао“ во Порто.

Ако Португалците обезбедат финале, мечот за пласман на Светскиот куп повторно ќе го играат во Порто.

> 1.300 македонски фанови ќе ги бодрат „рисовите“ на баражот во Палермо <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026