Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Власта сака Итната медицинска помош да ја даде во рацете на фирма блиска до Заеви

Мицкоски: Власта сака Итната медицинска помош да ја даде во рацете на фирма блиска до Заеви

Со измените на Законот за здравствена заштита сакаат на приватен оператор близок до семејството Заеви, кои ангажираа дел од своите вработени да се претставуваат како наводно незадоволни членови на ВМРО-ДПМНЕ пред нешто повеќе од една година и да протестираат против актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ Тоа е една омилена куќа за обезбедување на власта присутна и во електроенергетските компании, присутна во сите јавни објекти и тоа им беше малку и сакаат дополнително да влезат и во здравствениот сектор, односно да обезбедат да дадат приватна услуга за брзата помош“, рече Мицкоски при посетата на Градско.

Според него со ова само продолжува заевизмот.

„ Продолжува криминалот, корупцијата. Оваа влада на заминување премиерот на заминување, министрите на заминување не престануваат со скандалите и добро што е повлечен Законот“, кажа Мицкоски.

Тој информираше дека понатаму ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи носење на ваков закон, бидејќи вакви измени се штетни за граѓаните.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија”

Филипче од Карбинци: Тотален колапс во земјоделството – нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени

Зајкова: Статус квото не е стратегија – потребна е обединета македонска позиција