Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Ева Лонгорија најави патописна серија на „Си-ен-ен плус“

Ева Лонгорија најави патописна серија на „Си-ен-ен плус“
300x250 opst2

Ева Лонгорија откри дека е возбудена што ќе биде дел од тимот на претстојната документарна серија „Во потрага по Мексико“.

Таа ќе глуми и ќе биде меѓу продуцентите на Searching for Mexico, серија од шест епизоди, која ќе биде премиерно прикажана во 2022 година на „Си-ен-ен плус“ (CNN+).

46-годишната актерка, која може да се пофали со 22,4 милиони следачи на социјалните мрежи, се огласи во средата: „Тајната е откриена! Толку сум возбудена што ова ќе започне следната година! Голема благодарност до Стенли Тучи што ја постави лентата.“

Ева алудира на „Стенли Тучи: Во потрага по Италија“, документарна серија на Си-ен-ен за италијанската кујна, со 61-годишниот кандидат за „Оскар“, а кој е и извршен продуцент на новиот проект „Во потрага по Мексико“.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?