Утрински Весник
Македонија

Сексуалните работници најавија Марш на црвените чадори низ Скопје

Сексуалните работници најавија Марш на црвените чадори низ Скопје

Сексуалните работници, здружени во СТАР – Прв Колектив на сексуални работници на Балканот и нашите поддржувачи ХОПС – Опции за утре најавија Марш на црвените чадори.

17-ти декември е Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

„ Црвената е боја на убавината, а чадорот е глобален симбол на сексуалната работа кој ја симболизира заштитата од надворешни влијанија“ велат организаторите на настанот.

Маршот, традиционално ќе се одржи во Скопје на 17.12.2021 (петок), и ќе започне во 12 часот, од пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија и ќе заврши на плоштад „Филип II“.

Можете да прочитате

Трето издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај

„Мајски оперски вечери“ почнува со оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини

Балканот на удар на нов ладен бран од северозапад од следната недела