Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Вработен во државен здравствен инспекторат од Охрид ја злоупотребил службената положба

Вработен во државен здравствен инспекторат од Охрид ја злоупотребил службената положба
Img 7972

Против вработен во државен санитарен и здравствен инспекторат од Охрид е поднесена кривична пријава бидејќи тој ја злоупотребил службената положба, соопшти полицијата.

СВР Охрид има поднесено кривична пријава против Н.Ш. (63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој, злоупотребувајќи ја својата службена положба како вработен во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во периодот од 2016 до 2019 година на 47 правни субјекти неовластено им издал записници за уништување на прехранбени производи, со што им овозможил да поднесуваат барања за поврат на ДДВ.

Можете да прочитате

Славески: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс

(Фото) Галичник отсечен од светот, патот е затрупан и замрзнат

Царинa заплени средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека и друго