Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Ковачевски никогаш не бил студент на Харвард

(Видео) Стоилковски: Ковачевски никогаш не бил студент на Харвард

Кога го претставуваа како дечкото од Харвард, дипломец, молкум се смешкаше, ама гласен е кога ќе му ја побарате дипломата од Харвард. Ковачевски никогаш не бил студент на Харвард, туку посетил тридневен скап курс од каде што не се издава диплома, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„ Пиунот на Зоран Заев, Димитар Ковачевски, исто како Зоран Заев влегува со лага, се правда со заевизам. Димитар Ковачевски нема ниту еден милиметар отстапка, и нема да отстапи од штетните и погубни политики на заевизмот. Ковачевски не е ништо подруго од добивме датум, 500-тини километри автопат, 500-тини евра плата, европско здравство, додека го дишам овој македонски воздух.

СДСМ со Ковачевски не отстапува од патот на заевизмот и лагите, патот на криминалот и на корупцијата. Човекот кој што молкум одобрува и шири лаги за себе, нема граници за се понатаму за што да шири лаги!“ нагласи Стоилковски.

Тој додаде дека во однос на прашањето за датумот, ќе се произнесат следните денови, да поминел министерскиот совет.

А во однос на учеството на Алтернатива во оваа влада, Стоилковски нагласи дека доколку не добиеме датум, очекуваат Алтернатива да излезе од владата, бидејќи, како што рече, главната причина која што ја навеле повеќе не постои за нивно учество во оваа власт.

Можете да прочитате

Кај кумановец во автомобил пронајдени пет килограми марихуана

Конгрес на СДСМ: Се зголемува бројот на членови на ИО и ЦО

86годишна жена од Виница измамена од лажен лекар од Словенија за 30.000 евра