Утрински Весник
Македонија

19-годишен скопјанец ограбил продавница

19-годишен скопјанец ограбил продавница

19-годишен скопјанец потпомогнат од уште едно лице со употреба на сила извршиле кражба во маркет во Скопје.

Имено во 23.15 часот на бул.„Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.И.(19) од Скопје.

Тој се сомничи дека претходно околу 22.55 часот со уште едно лице со употреба на сила одзел повеќе предмети од маркет на бул.„Илинден“. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор во полициска станица А.И. го признал делото.

За настанот бил известен јавен обвинител и во координација со него по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Богоев и уште тројца добија 30 дена притвор

Пијан со пиштол се обидел да ограби локал во Тетово, полицијата експресно го уапси

Хуманоста спаси живот: Успешно пресадено срце кај пациент во Македонија