Утрински Весник
Магазин

Мишо Ковач позитивен на коронавирус

Мишо Ковач позитивен на коронавирус

Легендарниот пејач од Хрватска Мишо Ковач е позитивен на коронавирус, објавија локалните медиуми.

Позитивни на вирусот се и неговата сопруга Лидија и ќерката Ивана.

Пред неколку недели Ковач бил хоспитализиран во болница во Сплит поради воспаление на белите дробови и висока температура. По завршеното лекување, тој бил пуштен дома.

Но, здравствената состојба нагло му се влошила. Пред неколку дена бил пренесен во болница, каде добил кислородна поддршка. „Слободна Далмација“ од извори блиски до пејачот дознава дека Ковач во втоникот бил пуштен на домашна нега.

Моментално е со сопругата и ќерката во изнајмена куќа во Строжанац, недалеку од Сплит.

Можете да прочитате

Компјутер од ДНК пресметува во капка вода и може повторно да се користи

Седум здрави намирници идеални за есен

Загадувањето на воздухот, освен физичкото здравје може да ја наруши и човечката психа