Утрински Весник
Магазин

Зендаја брилира на премиерата на новиот „Спајдермен“

Зендаја брилира на премиерата на новиот „Спајдермен“

Зендаја и Том Холанд секако дека го украдоа шоуто додека присуствуваа на светската премиера на „Човек-пајак: Далеку од дома“ (Spider-Man: No Way Home) во Лос Анџелес во понеделникот вечерта.

Двојката на екранот и надвор од него, позираа еден покрај друг во театарот „Риџенси вилиџ“, каде заблескаа пред проекцијата на најновиот филм на „Марвел“.

Ѕвездата на „Еуфорија“ покажа еден од своите најинтересни и најадекватни изгледи на црвениот тепих, кој вклучува маска за очи налик на пајак и долг фустан со веб-принт, креација на „Валентино“.

 

Холанд, иако засенет од својата партнерка, изгледа елегантно во костум во темно чоколадна боја.

 

Можете да прочитате

Експеримент со ембриони од глувци во вселената отвора нови прашања за развој на живот надвор од Земјата

Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата

По гребените на Шар планина и Кораб: Македонија има нова планинарска трансверзала број еден на Балканот