Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Ковачевски не е дипломец на Харвард, има неколку дневен курс кој скапо се плаќа

(Видео) Стоилковски: Ковачевски не е дипломец на Харвард, има неколку дневен курс кој скапо се плаќа

Димитар Ковачевски беше лажно претставуван како дипломец на Харвард, а Ковачевски тоа молкум го одобруваше. Но, Ковачевски го нема во системот на дипломирани на Харвард. Човек што лаже и премолчува лага за себе, е способен да лаже и да премолчува и одобрува лаги за сѐ понатаму, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ако Ковачевски прифаќа лага за своето образование, тоа е само потврда дека блеска заевизмот. Курсот на Харвард Бизнис Скул трае 3-4 дена. За присуство на курсот нема услови за примање, не се полага приемен испит, ниту пак потоа се полага некаков завршен испит. Единствено се добива сертификат за присуство. И тоа се плаќа, многу се плаќа. Но тоа не дава никаква поврзаност понатаму со Универзитетот Харвард, ниту пак има Алумни број, ниту пак диплома, ниту меил адреса, што е дел од документите на Харвард и другите светски универзитети“, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Стоилковски, за тоа кој го минал Курсот таму не постои систем, а може да го мине, како што рече, секој со десетици илјади евра колку што тој чини.

„Ковачевски и без оваа лага беше наметнат во СДСМ затоа што Заев си постави свој разглас и му ги наполни изборните кутии. И оттука се прашањата што Ковачевски, но и СДСМ, сакаа да постигнат со ширењето на лаги за неговото образование: Дали со лажната биографија на Ковачевски се сакаше да се сокрие улогата на пиун и марионета на Зоран Заев? Дали со овој заевизам се сакаше да се покрие фаворизирањето во корист на Ковачевски и заевизмот? И дали со оваа лага требаше да се намали значењето на молкот и неспособноста на Ковачевски во министерскиот кабинет во финансии додека тонеше и се уште тоне Македонија?“, запраша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Напомена дека едно е јасно, и според него ако курс се прикажува како факултет, продолжува блескањето на заевизмот.

Можете да прочитате

Следната седмица пријатни летни температури, повторно со локално невреме

Косовец јавно раскажува како поминал со 50 евра мито во Македонија – „Ќе изедевме 500 евра казна“

Аеродромец паднал во кујна и се повредил со нож