Утрински Весник
Македонија

Граѓаните да не користат на своја рака антибиотици за коронавирусот, апелира Агенцијата за лекови

Граѓаните да не користат на своја рака антибиотици за коронавирусот, апелира Агенцијата за лекови

Агенцијата за лекови и медицински средства согласно своите стратешки цели а во насока на заштита и унапредување на јавното здравје будно ја следи употребата на антибактериските лекови за системска употреба-антибиотици. Од почетоткот на пандемијата со Ковид-19 евидентирана е зголемена потрошувачката на антибиотиците, предупредуваат од таму.

Агенцијата за лекови и медицински средства во интерес на јавното здравје и безбедната употреба на лековите, ги потсетува здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикационото подрачје како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт, согласно одредбите утврдени во Законот .

„Антибиотиците се индицирани за третман на бактериска инфекција но не и вирусна. Апелираме до граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на коронавирусот на своја рака, по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт“, реагираат од агенцијата.

Можете да прочитате

Трет ден активен пожарот на нискостеблеста шума во Липковско, нема опасност од проширување

Речиси три четвртини од потрошувачката на струја се озбезбедува од домашни извори

Зголемено количеството на отпадни води, само 24.5 % се пречистуваат