Утрински Весник
Свет

Американски затвореник побегнал по смртоносното торнадо, полицијата трага по него

Американски затвореник побегнал по смртоносното торнадо, полицијата трага по него
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Затвореник кој работел во фабрика за свеќи во Кентаки за време на торнадото што погоди делови од САД, ги искористил околностите на овој катастрофален настан и побегнал, пишуваат медиумите.

Франциско Старкс (44) отслужувал дел од казната во фабрика за свеќи кога зградата била погодена и урната од торнадото. Затвореникот ја преживеал несреќата и бил пренесен на лекување во блиската болница. Но кога излегол од болница побегнал и сега полицијата го бара.

Старкс е осуден на затвор за кражба, кражба на автомобил и поседување украден имот, пишуваат американските гласила.

Смртоносните торнада што опустошија шест американски сојузни држави од петокот до саботата го опустошија и градот Мејфилд. Смртта на 64 лица во Кентаки по разорното торнадо денеска е официјално потврдена, а властите предупредуваат дека бројот на жртвите најверојатно ќе биде уште поголем.

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати