Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Oдржавме уште една лекција по демократија, а од утре да се фатиме за работа

Ковачевски: Oдржавме уште една лекција по демократија, а од утре да се фатиме за работа

Димитар Ковачевски по прогласувањето за нов лидер на СДСМ на присутните сопартијци во седиштето на партијата им се обрати со „другарки и другари“.

„Вчерва СДСМ одржа уште една лекција од демократијата, но од утре мораме да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа. Секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда, државата оди напред. Ние сме столб на прогресивниот дел од општеството“, рече новиот партиски лидер.

Тој им се заблагодари и на двајцата противкандидати, Фросина Ременски и Јован Деспотовски, но и на досегашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

„Дозволете ми да му се заблагодарам на досегашниот претседател Зоран Заев. Со неговата храбрсот сите не мотивираше и инспирираше. Заедно со граѓаните го сруши режимот на Груевски, ја внесе државата во НАТО и на чекор до ЕУ. Не научи што е лидерство и партиско другарство“, рече Ковачевски.

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа