Утрински Весник
Македонија

Димитар Ковачевски е нов претседател на СДСМ со освоени 37.649 гласови од членството

Димитар Ковачевски е нов претседател на СДСМ со освоени 37.649 гласови од членството

Димитар Ковачевски е нов претседател на СДСМ, објави на вечерашната прес-конференција Централната изборна комисија на партијата.

Претседателката на комисијата, Викторија Мадиќ, соопшти дека се обработени сто отсто од пристигнатите податоци од општинските изборни комисии.

Димитар Ковачевски кој на гласачкото ливче беше под реден број еден освоил најмногу, 37 649 гласа.

За Јован Деспотовски гласале 3.319 членови на СДСМ, а за Фроснина Ременски 2.836. Неважечки биле 602 ливчиња.

Зад Ковачевски застана досегашниот партиски лидер и премиер Зоран Заев, како и најголем дел од партиското раководство.

Можете да прочитате

Нестабилно попладне во Македонија: Пороен дожд и грмежи во повеќе региони

Барутана без важечки ДУП – жителите бараат основни услови за живот, новиот план носи 33% помалку градба

Барутана без важечки ДУП – жителите бараат основни услови за живот, новиот план носи 33% помалку градба