Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Петков: Сакаме да ја надградиме позицијата на Бугарија кон Македонија, но ќе ги браниме и нациoналните интереси

Петков: Сакаме да ја надградиме позицијата на Бугарија кон Македонија, но ќе ги браниме и нациoналните  интереси
300x250 opst2

Мандатарот за состав на новата бугарска влада Кирил Петков го претстави владиниот состав, кој ќе биде коалициски и ќе вклучува четири партии и коалиции.

„Нашите амбиции се во наредните 4 години да ги завршиме сите задачи што ги поставивме под мотото „нулта толеранција за корупција“, рече Петков, пренесува „Бгнес“.

Запрашан за политиката на Бугарија кон Република Северна Македонија, Петков изјавил дека таа останува иста. Но, смета дека и двете земји можат многу да добијат од добрососедството и тоа треба да се направи врз основа на добра комуникација и доста работа.

„Ние и Република Северна Македонија можеме да добиеме многу од заедничка одлука. Бугарската позиција останува таква каква што е, но ние сакаме да ја надградиме. Не сакаме да продолжиме само со пароли од двете страни на границата, сакаме да седнеме заедно, тимови од различни сфери да работат и да одиме кон добрососедство. Но, истовремено ќе ги браниме и бугарските национални интереси“, заклучи Петков.

Се надеваме дека ќе имаме конструктивен начин на работа со опозицијата. Тие се должни да реагираат на секој погрешен чекор, додаде Петков.

Начинот на комуникација со коалициските партнери ќе биде постојан. Никој нема да дејствува сам. Континуираната комуникација ќе гарантира дека ќе работиме успешно и долгорочно, рече кандидатот за премиер.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”

Уапсен прилепчанец, палел кабли во близина на депонијата во Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии