Утрински Весник
Магазин

Канје Вест ја моли Ким Кардашјан да му се врати

Канје Вест ја моли Ким Кардашјан да му се врати

Во текот на добротворен концерт во четвртокот вечерта, раперот Канје „Је“ Вест ѝ се обрати на отуѓената сопруга Ким Кардашијан, која беше меѓу присутните.

„Врати се веднаш кај мене,“ рече тој.

Ова се случи на концертот Free Larry Hoover („Ослободете го Лари Хувер“), каде што тој и Дрејк докажаа дека нивната долгогодишна кавга конечно е зад нив, бидејќи ги здружија силите за добротворен настан за ослободување на Лари Хувер, член на банда кој отслужува доживотна казна затвор за убиство.

Двајцата рапери ги кренаа своте фанови на нозе во „Меморијал колосеумот“ во Лос Анџелес со капацитет од над 78,000 луѓе додека одеа рамо до рамо по скалите на култното место. Шоуто се пренесуваше во живо на „Амазон прајм видео“.

Вест (44) и Дрејк (35) се залагаат за ослободување на Хувер, поранешен водач на банда, кој беше осуден за убиство во 1970-тите и моментално отслужува доживотна затворска казна.

Можете да прочитате

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри

Настап што ги расплака сите, натпреварувач од шоуто „ТЛЗП“ се трансформираше во легендарниот македонски пејач Тоше Проески