Утрински Весник
Спорт

Челси не може да го задржи Ридигер – Германецот во новиот клуб ќе добие рекордна плата

Челси не може да го задржи Ридигер – Германецот во новиот клуб ќе добие рекордна плата

Антонио Ридигер ќе го напушти Челси по завршувањето на сезоната. Германскиот репрезентативец ќе биде слободен во изборот на новиот клуб. Неколку врвни клубови сериозно се заинтересирани за неговите услуги.

За потписот на Ридигер се борат Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ и Јувентус. Според англиските медиуми, еден од овие клубови му понудил неделна плата од 470.000 евра. Ридигер, во моментов во Челси, заработува четири пати помалку.

Оваа сума би била рекордна меѓу одбранбените играчи. Во моментов на врвот е Матијас Де Лихт. Холанѓанецот од Јувентус неделно добива 460.000 евра.

> Челси не може да го задржи Ридигер – Германецот во новиот клуб ќе добие рекордна плата <

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата