Утрински Весник
Македонија

Лажен оџа и негови соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Лажен оџа и негови соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар
Dik 300x250 mk

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кое лажно се претставувало како оџа и извршило полов напад врз малолетно девојче. Против него, како и против двајца други осомничени соизвршители, поведена е постапка и за измама.

„Првиот осомничен, 37-годишен жител на Кочани, во два наврати на 23 и 24 ноември во стан во Гостивар, извршил полово дејствие врз дете родено 2012 година. Мајката на детето го повикала осомничениот кој се претставил како оџа, да пее и да го „лекува“ детето од црни магии. Осомничениот побарал да остане сам со детето-жртва во собата и притоа ја принудил на други полови дејствија. Оштетената од страв во прв момент не кажала ништо на мајката. Кога на 5 декември мајката сакала по третпат да го повика осомничениот, девојчето вознемирено раскажало што му се случува, по што настанот бил пријавен во полиција“, соопштија од Обвинителството.

Истиот осомничен, заедно со уште двајца соизвршители од Гостивар, измамиле друга оштетена. Првопријавеното лице, во договор со другите двајца, на оштетената исто така и се претставило како оџа кој ќе и помогне да ги тргне магиите од нејзината куќа. Во повеќе наврати тројцата ја убедувале дека за да ги отстранат магиите треба да откопуваат различни предмети од гробишта и со тоа ги влечат магиите од неа и од нејзиниот дом. За услугата и наплатиле вкупно 98.000 денари. Кога почнале да се договараат за нова средба, оштетената се посомневала дека е измамена и ги пријавила.

За првопријавениот Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, додека за останатите двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.​​

Можете да прочитате

АХВ уништи околу 37 тони небезбедна храна со поминат рок која се продавала без декларација

Три опции во игра за нов Клинички центар во Скопје

Во државава е поевтино да се облечеш, отколку да се храниш