Утрински Весник
Свет

(Видео) Се урна станбена зграда при експлозија во Франција, полицијата трага по затрупани

(Видео) Се урна станбена зграда при експлозија во Франција, полицијата трага по затрупани
Dik 300x250 mk

Рано утрово се случи експлозија во францускиот град Санари-сур-Мер.

Од детонацијата била уништена една станбена зграда во тој град, а засега се знае дека едно лице загинало.

Пожарникарите ги пребаруваат урнатините во потрага по луѓе затрупани под урнатините на зградата на јужниот брег на Франција.

Во уривањето на зградата се повредени пет лица, меѓу кои и едно бебе. Се уште се трага по едно лице, известуваат тамошните медиуми.

Се претпоставува дека причина за експлозијата е дефект во инсталациите за гас.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп