Утрински Весник
Спорт

Бензема ќе биде подготвен за Атлетико

Бензема ќе биде подготвен за Атлетико

Карим Бензема ќе биде подготвен за градското дерби со Атлетико кое на програмата е овој викенд. Бензема го повреди мускулот, во саботата, на гостувањето во Сан Себастијан.

Францускиот напаѓач, го напушти теренот на почетокот на мечот, кој Реал го доби со 2:0. Првите прогнози беа дека Бензема ќе отсуствува неколку недели, меѓутоа лекарите се оптимисти дека тој ќе може да игра во дербито.

Бензема од почетокот на сезоната има одиграно 20 натпревари, постигнал 17 голови и забележал 12 асистенции.

Реал, вечерва, во Лигата на шампионите, ќе го пречека Интер.

> Бензема ќе биде подготвен за Атлетико <

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1