Утрински Весник
Свет

Путин и Бајден преку видео-врска за бројни прашања

Путин и Бајден преку видео-врска за бројни прашања

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за бројни актуелни прашања.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Путин планира на средбата да предложи меѓусебни безбедносни гаранции. Песков исто така додаде дека главна тема ќе биде безбедноста на Русија и НАТО.

Путин неодамна го повика НАТО да престане да се шири кон исток, барајќи од западната алијанса писмена гаранција. За возврат, Русија е подготвена да понуди свои гаранции за алијансата, изјави шефот на руската држава.

„ Безбедносните гаранции, се разбира, не можат да бидат еднострани“, рече Песков, пренесе агенцијата Интерфакс.

Според најавите од Кремљ, видео средбата меѓу американскиот и рускиот претседател треба да започне околу 17 часот по средноевропско време и се очекува да трае до вечерта.

Тензиите околу Украина ќе бидат во центарот на разговорите. САД ја обвинуваат Русија за натрупување на војници на границата со Украина, што предизвика сомнеж во западната алијанса дека планира инвазија.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури