Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Австралија одобрена вакцината на „Фајзер“ за деца

Во Австралија одобрена вакцината на „Фајзер“ за деца
300x250 opst2

Австралиската регулаторна агенција денеска привремено ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца на возраст од пет до 11 години, а министерот за здравство Грег Хант рече дека имунизацијата може да започне на 10 јануари.

Тој истакна дека регулаторната администрација направила внимателна и темелна проценка и утврдила дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека е во интерес на австралиските деца на возраст од пет до 11 години да се вакцинираат.

По првичното одложување на програмата за имунизација против Ковид-19, Австралија стана една од водечките земји во светот во однос на стапката на вакцинација. Речиси 88 проценти од возрасните постари од 16 години примиле две дози.

Високата стапка на вакцинација помогна да се спречи ширењето на вирусот и да се поттикне брзото економско закрепнување.

Нов Јужен Велс, земјата со најголема популација, денеска регистрираше уште два случаи на омикрон и сега има вкупно 15. Се уште не е познато дали и колку вакцините се ефикасни против овој вид.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа