Утрински Весник
Спорт

Милан рутинирано со „фенерџијата“ – сега се највисоко во Серија А

Милан рутинирано со „фенерџијата“ – сега се највисоко во Серија А

Фудбалерите на Милан лесно, рутинирано, според очекуваното со 2-0 славеа на денешниот меч против Салернитана во рамки на 16. коло во Серија А.

„Фенерџијата“ на табелата во италијанското првенство имаше само 30% од поседот на топката и упати само 1 удар во рамки на голот на повратникот Мењан.

Од друга страна, „Росонерите“ рутинирано, без многу трошење енергија со два гола уште во воведните 18 минути се чини го решија победникот, па до крајот ги штедеа силите за дуелот против Ливерпул идната седмица во ЛШ.

Стрелци на погодоците на тимот од „Сан Сиро“ беа Кеси во 5. и Салемакерс во 18 минута.

Со овој триумф, Милан барем до вечер кога Наполи игра дома против Аталанта е лидер на табелата со 38 поени, два повеќе од пулените на Лучијано Спалети.

> Милан рутинирано со „фенерџијата“ – сега се највисоко во Серија А <

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1