Утрински Весник
Македонија

Приведена кичевка која со метален предмет нападнала друга жена

Приведена кичевка која со метален предмет нападнала друга жена

Четириесет и деветгодишна жена од Кичево по претходна расправија, со метален предмет нападнала друга жена, поради што била приведена од полицијата.

„ На 03.12.2021 од страна на полициски службеници од ОВР Кичево лишена е од слобода А.И.(49) од Кичево, бидејќи околу 13.00 часот, на ул.„11 септември“ во Кичево, го нарушила јавниот ред и мир и, по претходна вербална расправија, со метален предмет ја нападнала Л.А.(34) од Кичево“ соопшти МВР.

А.И. е приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено