Утрински Весник
Македонија

Возило усмрти 68 годишен пешак на магистралниот пат Охрид-Ресен

Тешко повреден возач на автобус во судар со автомобил

На мaгистралниот пат Охрид-Ресен, вчера во близина на охридското село Лескоец, патничко возило „ауди А4“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.П.(23), удрило во пешакот Д.Т.(68), двајцата од село Лескоец.

Како што информира полицијата на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.

Увид извршија полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.

Можете да прочитате

Кривична пријава за екс директор и осум други вработени во УХРМ

Сончев викенд со студени утра: Во Скопје до 19, во Македонија до 22 степени

Мицкоски: Ни треба политика на стабилност, се бориме за стандардот, тешко се живее, но имаме најниска инфлација, платите постепено растат