Утрински Весник
Свет

Кинеската комунистичка партија со критики кон американската демократија

Кинеската комунистичка партија со критики кон американската демократија

Комунистичката партија на Кина денеска остро ја критикуваше американската демократија на глобалниот самит за демократија, чиј домаќин следната недела ќе биде американскиот претседател Џозеф Бајден.

Тиан Пејан, заменик-директор на канцеларијата за истражување на политиката на Кинеската комунистичка партија, рече дека пандемијата ги открила недостатоците во американскиот систем.

Партиските претставници се прашуваа како една поларизирана земја, која беше невнимателна со Ковид-19, може да им држи предавања на други и рекоа дека се прават напори да се принудат другите да не ги копираат западните демократски модели осудени на пропаст, објави АП.

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус