Утрински Весник
Свет

Европол со кампања за пронаоѓање бегалци

Европол со кампања за пронаоѓање бегалци

Европската мрежа на активни тимови за пребарување бегалци (ЕНФАСТ) и Агенцијата за разузнавање на Европската Унија (Европол), денеска ја започнаа кампањата „Најбараните од ЕУ 2021“ чија цел е да се пронајдат европски бегалци кои се кријат од очите на јавноста.

Европол бара од граѓаните на ЕУ да ја посетат веб-страницата на EU Most Wanted, каде што можат да ги погледнат фотографиите на бегалците и да видат дали препознаваат некој од нив.

Сите криминалци во оваа кампања се бараат за извршување тешки кривични дела, како што се убиства, трговија со дрога и трговија со луѓе, се вели во соопштението на Европол доставено до „Танјуг“.

Можете да прочитате

ИЕА договори ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите

Австриската влада потроши 5,8 милиони евра за рекламирање во првата половина од годината

Над пет милиони луѓе во Италија живеат во апсолутна сиромаштија