Утрински Весник
Спорт

Египетски тренер починал од инфаркт прославувајќи го голот на својот тим

Египетски тренер починал од инфаркт прославувајќи го голот на својот тим

Голема трагедија го обележа натпреварот во Египет помеѓу Ал Магда и Ал Зарка. Тренерот на Ал Магда, Адхам Ел-Селхедар, доживеал срцев удар славејќи го голот на својот тим.

Во моментот кога тренерот колабирал, интервенирале лекарските служби, но не успеале да го реанимираат.

Ел-Селхедар бил префрлен и во блиската болница, каде лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт.

Најголемиот дел од тренерската кариера, Ел-Селхадар, минал во Исмаила. Во деведесеттите години од минатиот век со овој тим ги освоил првенството и купот на Египет.



> Египетски тренер починал од инфаркт прославувајќи го голот на својот тим <

Можете да прочитате

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид