Утрински Весник
Спорт

Шок за Србија, Ненадиќ би можел да го пропушти ЕП

Шок за Србија, Ненадиќ би можел да го пропушти ЕП
Dik 300x250 mk

Најдобриот српски ракометар, Петар Ненадиќ, би можел да го пропушти Европското првенство. Ненадиќ ќе отсуствува од тимот на Веспрем до крајот на годината, поради повреда на бутниот мускул.

Европското првенство во Унгарија и Словачка ќе се одржи од 13. до 30.јануари. Информацијата за повредата ја соопшти клубот, со напомена дека рехабилитацијата не оди според планираното, ракометарот би можел да биде надвор од тимот и до седум недели.

Во тој случај Ненадиќ ќе го пропушти ЕП.

Евентуланото отсуство на најдобриот играч во светот во 2019 година, ќе биде голем хендикеп за Србија.

На ЕП српските ракометари ќе играат во Ц-групата, нивни противници во Сегеден ќе бидат Хравтска, Франција и Украина.

Србија на 13.јануари ќе игра против Украина, два дена подоцна со Хрватска, а на 17.јануари ќе се сретнат со Франција.

> Шок за Србија, Ненадиќ би можел да го пропушти ЕП <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен