Утрински Весник
Свет

Папата во посета на Кипар, со себе ќе земе 50 мигранти

Папата во посета на Кипар, со себе ќе земе 50 мигранти
Dik 300x250 mk

Папата Франциск со себе ќе земе 50 мигранти од Кипар, изјави кипарскиот претседател Никос Анастасиадис.

Во својот поздравен говор, Анастасиадис се осврна на проблемот со бегалците.

„Народот на Кипар лично ја доживеа болката од азил и протерување од домовите на своите предци подобро од кога било. „Како влада покажуваме целосна почит кон заштитата на човековите права“, рече претседателот.

Папата Франциско денеска ги повика Кипарците да бараат решение во дијалогот за да се залечи „страшната рана“ што го дели нивниот остров речиси половина век и порача дека ниту една страна не треба да употребува сила или закани, пренесува „Ројтерс“.

Папата, инаку, своето прво патување на Кипар го започна со посета на островската Маронитска катедрала, каде што го пофали Кипар за начинот на кој се соочува со приливот на бегалци.

„Најголемата рана што ја претрпе оваа земја е страшното уништување во последните децении. Мислам на длабокото страдање на сите оние луѓе кои не можеа да се вратат во своите домови и места за богослужба“, рече папата.

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина