Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Маричиќ: Академијата за судии и јавни обвинители е единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите кадри

Маричиќ: Академијата за судии и јавни обвинители е единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите кадри
Img 7972

На свечениот настан што се одржа по повод 15-годишнината од основањето на Академијата за судии и јавни обвинители, министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање даде краток осврт на важноста и значењето на Академијата, како и на заложбите што Министерството за правда и Владата ги прават за нејзин развој и усовршување преку реформата во правосудниот систем.

„Тука Академијата ја игра најважната улога. Таа е „храм на образованието во правосудниот систем“, изворот на квалитетни и стручни судии и јавни обвинители и единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите кадри. Но, може да се каже и дека е појдовна точка за целокупниот правосуден систем со значајна улога на чувар на достоинството и кредибилитетот на судиите и јавните обвинители“ рече Маричиќ во своето обраќање.

Тој потенцираше дека измените и дополнувањата на Законот за Академија на судиите и јавните обвинители се во насока на исполнување на заложбата и ангажманот на Владата и Министерството за правда во процесот на креирање на независен, непристрасен и ефикасен правосуден систем кој одговара на европските стандарди.

„Академијата и понатаму останува единствена точка за влез во судството и јавното обвинителството, каде судиите и јавните обвинители во континуитет добиваат стручно усовршување на теоретските и практичните знаења според однапред подготвени програми, дизајнирани според потребите на целните групи. Ова е формулата која носи квалитет во правосудниот систем и продуцира кадри на судии и обвинители кои покрај домашното законодавство, ја знаат и применуваат Европската Конвенција за човекови права и слободи, законодавството на ЕУ и други меѓународни стандарди“, додаде Маричиќ.

На крајот министерот за правда испрати честитка за досегашната работа на Академијата и посака да продолжи посветено работи и понатаму заради квалитетот на идните генерации на судии и јавни обвинители, заради заштита на професијата, заради граѓаните, но и заради напредокот на државата која одлучно работи на европската агенда.

Академијата му додели Благодарница за неговиот ангажман и придонес како министер за правда во развојот на Академијата за судии и јавни обвинители.

Можете да прочитате

Нино Васев бара обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот Онкологија

Од денеска бесплатна телефонска линија за пријава на изборни неправилности

Цигарите поскапеа за 10 денари по кутија