Утрински Весник
Свет

Путин бара писмени гаранции дека НАТО нема да се шири кон исток

Путин бара писмени гаранции дека НАТО нема да се шири кон исток

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска предложи почеток на преговори за постигнување правни гаранции за непроширување на НАТО кон исток.

Говорејќи во руското Министерство за надворешни работи, Путин нагласи дека најважна задача на руската дипломатија е да добие сигурни и долгорочни безбедносни гаранции.

Тој исто така нагласи дека Русија, во дијалог со САД и нивните сојузници, ќе инсистира на изготвување конкретен договор кој исклучува какво било понатамошно поместување на НАТО кон исток и распоредување воени системи во непосредна близина на нејзините граници, пренесува „Спутник“.

„Предлагам да започнат разговори во врска со ова прашање. Особено нагласувам – потребна ни е правна гаранција, бидејќи нашите западни колеги не ги исполнуваат усно дадените обврски што ги презедоа“, рече Путин.

Тој констатира дека сè било направено на спротивен начин.

„Не бараме никакви посебни услови за себе, разбираме дека сите договори треба да ги земат предвид интересите на Русија и на сите евро-атлантски држави“, заклучи рускиот претседател.

Можете да прочитате

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени

Познат идентитетот на Македонецот од Струмица убиен во Боливија

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп