Утрински Весник
Македонија

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој
Dik 300x250 mk

Минитестерот за здравство Венко Филипче смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката ситуација е стабилна, дека минатата недела имало 5 проценти помалку дијагнотицирани случаи од претходната недела, како и дека тоа се чувствувало во болниците.

„ Сметам дека рестрикција во однос на затворање граници нема да даде ефект, бидејќи досега видовме дека кога ќе се појави нов сој тој не може да се спречи било каде во светот. Очиглено е дека соеви ќе се појавуваат и понатаму, така шо остануваме со досегашните мерки, кои мислиме дека се добро димензионирани. Ова е нов сој, се уште се испитува, па така нема потреба да правиме нови рестрикации“ изјави Филипче.

Тој додаде дека на утрешната влада ќе дебатираат за финансиската стимулација за матичните лекари, со која тие ќе добијат по 30 денари од пациент, ако ги убедат 70 посто од нивните пациенти да се вакцинираат.

„Опфатени се околу 1.500 матични лекари. Тоа би било еден бонус, кој ќе го добијат. Веќе разговарав со дел од колегите. Тие треба преку комуникација, апели, повици да ги убедат граѓаните да се вакцинираат. На влада ќе зборуваме за сите предложени мерки. Ќе биде поголем фокус. Матичните лекари имаат апсолутно право да ги мотивираат пациентите да се вакцинираат“, рече ресорниот министер.

Можете да прочитате

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца

Алиу: Правиме дигитализација на здравство документите на телефон а не во ќеси